Ваучерите за одмор ќе можат да се користат во 76 хотели и туристички агенции

Вкупно 76 сместувачки капацитети и туристички агенции се најдоа на листата со хотели во кои ќе можат да се користат ваучерите кои работниците со ниски приходи ќе ги добијат од државата.

Минатиот месец Министерството за економија објави јавен повик за реализација на мерката организиран одмор на работници со ниски приходи, чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето-износот од 30.000 денари.

На листата има вкупно 76 сместувачки капацитети и туристички агенции од повеќе градови.

Оваа мерка е во рамките на Програмата за домашен туризам за работници со ниски приходи 2021 и предвидува издавање потврди-ваучери за туризам во вредност од 12.000 денари. Лицата што ќе добијат ваучери може да ги користат во категоризираните угостителските објекти за сместување (хотели) лоцирани во туристичките центри во Македонија.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе