„Васко тендер е ризичен за да му доставиме понуди“, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„Васко тендер Ковачевски е ризичен за да му бидат доставени било какви понуди, загрижени сме дека со ангажманот на Васко тендер Ковачевски може да стане збор само за провизии на штета на граѓаните“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на директорот на АД ЕСМ Васко Ковачевски со која тој порача доколку лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Ковачевски има индикативни понуди за набавка на енергија да ги извести фирмите да ги достават понудите до ЕСМ.

Во реакцијата уште се додава: „Ова не е пазар, туку сериозна работа. Ако снабдувањето на енергенси на државата во криза се смета за обичен пазар, тогаш имаме сериозен проблем“.

Од партијата потсетуваат дека Мицкоски вчера упатил јавен повик за средба со премиерот и повик за дебата пред телевизија која премиерот би ја одбрал.

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе