Организација на работодавачи на Македонија

Вакцинирањето е бесплатно, категорично сме против тестовите за ковид да ги плаќаме, велат работодавачите

„Во услови кога вакцинирањето против ковид-19 е бесплатно, а одредени работници сепак не ја користат оваа поволност, донесувањето на евентуална одлука од страна на Владата со која работодавачите би ги покривале трошоците за ПЦР тестовите за работниците кои не сакаат да се вакцинираат би била целосно нелогична, неоправдана и неприфатлива. Неприфатлив е и предлогот за платени два слободни дена за вакцинација на работниците“, соопшти Организацијата на работодавачи на Македонија.

Доколку се даваат два слободни дена, на тој начин би се довеле во нерамноправна состојба оние работници кои веќе се вакцинирани, а за кои претходно не важела оваа поволност, велат работодавачите.

ОРМ предлага Владата да преземе други мерки со кои би се стимулирала имунизацијата на населението, а не целокупниот товар да се префрла на компаниите кои досега доследно ги спроведуваа сите одлуки на надлежните државни органи и во целост обезбедуваат примена на протоколите и превентивните мерки за заштита од ковид-19 во текот на работниот процес.

За да го поттикне вакцинирањето Владата би можела на пример да воведе различен износ за боледување за вакцинирани и невакцинирани работници, во случај тие да се разболат од ковид -19, предлагаат работодавачите.

Инаку, најголемиот дел од компаниите и досега практикуваа мерки со кои го стимулираа вакцинирањето против Ковид-19, како што се: исплата на еднократна парична награда за вакцинираните работници, слободен ден за секој вакциниран, бесплатен превоз за вакцинација во Србија, на вакцинираните не им се одбива награда или бонус за отсуство во случај да заболат од ковид -19, како и други стимулативни мерки, нагласуваат од организацијата.

Ние Македонците од село Гореме, општина Струмјани, го поздравуваме народот покрај Вардар (барем реката сѐ уште е таму) и се „восхитуваме" на дејствувањата на мудрите мажи на државата.

 

повеќе

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе