Завод за статистика

Увозот на Македонија е во износ од над 9,3 милиони, а извозот 6,8 милиони долари

Вкупната вредност на извозот на стоки од државава во периодот јануари-октомври годинава изнесува 6.816.423.000 долари и бележи пораст од 29 проценти на годишно ниво. Вредноста на увeзената стока, во посочениот период, изнесува 9.302.587.000 долари, што е за 34,4 проценти повеќе во споредба со истиот период лани, објави Државниот завод за статистика.Трговскиот дефицит изнесува 2.486.164.000 долари. Најмногу е тргувано  со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Кина.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, делови за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот.

Во увозот, пак, најмногу се застапени „други метали од платинската група и нивни легури", необработени или во облик на прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали, освен сурови, платината и легурите на платина, необработени или во прав и керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба.

Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, во првите десет месеци од годинава најмногу сме тргувале со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Кина.

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе