Утврдена е производната цена за килограм арпа - 27 денари, оризопроизводителите бараат 40 денари откупна цена

Институтот за ориз од Кочани при Земјоделскиот факултет во Скопје утврдил дека реалните трошоци за производство на килограм арпа изнесуваат 27 денари. Во оваа сума се вклучени давачките за подготовка на земјоделската површина и за сеидба, за набавка на ѓубрива, заштитни препарати, воден надоместок, како и за жетва и транспорт на произведените количини.

Трошковникот за производство е утврден по барање на Министерството за земјоделство, откако по минатонеделната средба на заменик министерот Трајан Димковски со оризопроизводителите и со откупувачите беше договорено производната цена да биде основа за утврдување на откупните цени.

„Ние сме задоволни од производната цена што ја утврдил Институтот и сметаме дека таа е реална. Сепак, откупната цена треба да биде уште за 30 отсто повисока, со што ќе можеме да оствариме приход за репродукција и за да преживееме. Тоа значи дека не треба ни да се размислува за откупна цена под 30 денари за килограм арпа, а заедно со субвенциите да се стигне до прифатлив износ. Протестите и блокадите ги ставаме во мирување затоа што очекуваме дека ќе се најде заедничко решение и откупот ќе почне навреме, односно во почетокот на октомври“, истакна Здравко Арсов од Иницијативниот одбор за заштита на оризопроизводството.

На средбата со министерот Љупчо Николовски, што земјоделците ја имале вчера попладне, договорено е на почетокот на идната недела стручниот тим од ресорното министерство да се сретне и со претставниците на откупно-преработувачките претпријатија за да се постигне конечен договор околу откупните цени на арпата.

Оризопроизводителите биле информирани дека за оризот веќе е почната постапката да стане стратешка култура, а со што државата ќе може да го откупува за потребите на стоковите резерви.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе