Утре стартува редовната авиолинија Софија-Скопје

Со првиот лет што ќе се реализира во 05.30 часот кога на Меѓународниот аеродром Скопје треба да пристигне авионот на компанијата „Гуливер”, утре стартува редовната авиолинија Софија-Скопје-Софија.

Авионското поврзување меѓу главните градови на Македонија и Бугарија е првиот конкретен чекор на соработката што ја најавија по првата средба премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков што се одржа на 18 јануари годинава во Скопје. Една недела подоцна, на 25 јануари, двете влади во Софија одржаа заедничка седница и потпишаа два документа за зајакнување на инфраструктурното поврзување на двете земји, за директна авиолинија Скопје – Софија и за железничкиот Коридор 8.

Симболично, првиот лет со кој се возобнови авиолинијата беше реализиран на 11-ти минатиот месец, а со него во Скопје од Софија пристигнаа македонска и бугарска делегација предводени од министерот за транспорт Благој Бочварски и неговиот бугарски колега Николај Сабев.

Скопје-Софија е новина со летниот распоред на летање, што стартува викендов, а со кој се обновуваат и дел од линиите што беа укинати пред ковид-пандемијата.

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе