Утре последен ден за поднесување на даночна пријава во УЈП, се очекува уште 100 илјади пријави

Утре, 15 март, е последен ден за поднесување на Годишната даночна пријава за утврдување на персоналниот данок на доход и пријавување на приходите кои граѓаните ги оствариле во изминатата 2017 година.

Според последните податоци, велат од УЈП, поднесени се вкупно 334,360 пријави. Во текот на денешниот и утрешниот ден се очекува уште околу 100 илјади граѓани да ја исполнат својата обврска.

Од УЈП потсетуваат дека пријавите освен на даночните шалтери, можат да се поднесат и преку пошта, преку е-Даноци, за регистрираните корисници на електронските даночни услуги.

„Со цел избегнување на метежите особено во Регионалната дирекција Скопје, апелираме граѓаните да ги поднесуваат пријавите и на шалтерите на УЈП кои се отворени за прием на Годишни даночни пријави во Центар, како и општините Ѓорче Петров, Бутел, Гази Баба, Аеродром и Мобилниот даночен шалтер во Драчево кои ќе биде стациониран на 15 март пред месната заедница во периодот од 10 до 14часот“, велат од УЈП.

Законот предвидува глоба за ненавремено поднесување, односно неподнесување на даночна пријава и за нецелосно пријавени приходи која се движи од 100 до 200 евра, во денарска противвредност.

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе

Во кичестиот амбиент на магичното Скопје, каде што се изградени огромни споменици на Александровите фалангисти, а знамето на НАТО се вее пред зградата на Генералштабот, во градот поделен на македонски и на албански дел, лебди Бизмарковата геополитичка визија: оној што ја контролира долината на реката Вардар, станува господар на Балканот.

повеќе

Повеќе од 40 години пишувам за самостојноста на македонскиот јазик и идентитет и на моменти бев подложуван и на физички напад поради моите ставови. Јас не би прифатил ништо што го негира признавањето на Македонија.

повеќе