Утре почнува да се гради нова фабрика во Бунарџик, инвестиција од 30 милиони евра на американската „Дура“

Во технолошко-инудстриската зона кај Скопје утре ќе пончне изградбата на производствениот капацитет на американската компанија „Дура". Станува збор за компанија од автомобилската индустрија, а инвестицијата се проценува на над 30 милиони евра.

Ова го најави вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев.

„Во последните седум-осум  месеци 16 странски инвестиции потпишаа договорза влез во Република Македонија. Она што премиерот го спомна станува збор за „Дура“, која во понеделник ќе стави камен темелник во Бунарџик слободната царинска зона. „Дура“ е американска компанија од автомобилската индустрија со над 30 милиони евра инвестиција. Владата нема намера да прави евтин пи-ар од секоја странска инвестиција,таа инвестиција е на инвеститорите. Ние само им помагаме тие да дојдат и ги охрабруваме со сѐ што можеме како администрација тоа да го направат. Затоа ние не сакаме да сечеме ленти, да фрламе лопати, ние ќе ги поздравиме и ќе им посакаме многу среќа, но ќе им овозможиме тие да доаѓаат“, истакна Анѓушев. 

Тој потенцира дека ако во последните седум-осум години во Македонија се направени 20 такви инвестиции, сега за 10 месеци отпочнати се 16 при што, како што рече, не потрошивме пари за маркетинг и се надевам дека граѓаните  ќе можат да ја направат разликата.

Анѓушев најави инвестиции во велешкиот регион.

„Мислам дека во Велес ќе има инвестиции макар една и ние интензивно работиме на тоа. Во Велес има невработеност, но таа не е така голема. Ние треба да обезбедиме повеќе работа за младите кои имаат завршено високо образование во таканаречените акцелератори преку Фондот за иновации и технолошки развој. За младите кои тоа успешно го направија од Владата ќе добијат грантови и мислам дека тоа е начинот да се оди напред“, потенцира Анѓушев.

Во врска со решавање на проблемот со велешката фабрика за шински возила „Колска“  појасни дека во моментов се работи на обезбедување работа и плата за сите вработени, но тоа како што рече не е трајно решение.

„Крајното решение е „Колска“ да стане модерна фабрика и ние работиме на тоа. Треба да се има трпение и сега нема да ги кажам решенијата, но мислам дека за шест месеци до една година ќе се реши проблемот со Колска“, најави Анѓушев.

МИА

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе