Уставниот суд не ја прифати иницијативата поднесена од адвокат за Законот за банки

Уставниот суд со мнозинство гласови на судиите не ја прифати иницијатива за оценка на уставноста и законитоста на член 163 став 3 од Законот за банки.

Иницијативата, што беше на дневен ред на вчерашната седница на Судот, е поднесена од адвокат од Скопје, а се однесува на оценување на уставноста и законитоста на член 163 став 3 од Законот за банки, со кој при наплатата од стечајната маса предност се дава на Фондот за осигурување депозити во однос на оштетените фирми депоненти на банката и штедачите со поголеми износи од 30 илјади евра кои се покриени од страна на Фондот.

Од Уставниот суд велат дека не е поведена постапка по иницијативата, бидејќи со оваа законска одредба не се повредува Уставот.

Здружението „Оштетени штедачи" вчера со соопштение се огласи по повод одлуката на Уставниот суд, за која, како што велат, жалат што е негативна.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе