Неделен извештај за извршени мерења од компанијата

УСЈЕ: Цементарницата не го загадува воздухот

Цементарница УСЈЕ соопшти дека поради нејзината работа не е загаден воздухот и дека неделните мерења покажува дека емисијата на гасови е под нивото на законски пропишаните вредности.

Цементарница преку соопштение информира за својот најнов, редовен месечен извештај за мерењата на емисијата на гасови од работата на компанијата и порачува дека со тоа се покажува дека не станува збор за загадување на воздухот поради работењето на УСЈЕ. При тоа, од УСЈЕ испратија табеларен приказ за емисијата од две ротирачки печки, која е во прилог на соопштението.

Од УСЈЕ наведуваат дека емисиите од работата на Цементарницицата постојано се под граничните вредности определени со закон и дека веќе 13 години емисиите се мониторираат без прекин, 24 часа од страна на надлежните органи. Уште се додава дека производството запира доколку филтрите не работат.

„Паралелното мерење на амбиенталниот воздух (PM10 честички) во кругот на Цементарница УСЈЕ не покажува меѓузависност со состојбите со амбиенталниот воздух измерени на други мерни станици, надвор од цементарницата. Работењето на компанијата постојано е следено од страна на Државниот инспекторат за животна средина. Цементарница УСЈЕ поради технолошки и деловни причини работи во текот на целото деноноќие. Печките или работат континуирано (24 часа) или не работат. Производството на цемент е поинтензивно во лето, отколку во зима", велат од компанијата и додаваат дека се отворени во секое време за посети и за прашања од интерес за јавноста.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе