Уште утре да се исполни ветеното зголемување на платите во јавниот сектор, бараат од ССМ

Уште утре Владата да го исполни ветеното линеарно зголемување на платите на работниците во јавниот сектор од 2.806 денари, а Собранието да ги повлече предложените измени за Законот за работни односи за недела да е работен ден во туристичките места, побара вечерва од Охрид Сојузот на синдикати на Македонија, а во спротивно најавија носење одлука за генерален штрајк и блокада на сите институции.

Претседателот на ССМ Дарко Димовски на прес-конференција рече дека работници, нивни членови пријавиле загриженост за најавата на министерот за економија Крешник Бектеши недела да е работен ден во туристичките места, притоа не прецизирајќи кои се места ќе бидат опфатени.

„Имаме големо незадоволство меѓу работниците, бидејќи голем бенефит за нив е недела не работен ден и нема цена што би ги натерала да работат во недела, знаејќи дека денот го поминуваат заедно со своите фамилии. Сметаме дека предлогот од Министерството за економија е крајно неприфатлив како за нас претставниците на работниците, синдикатите така и за самите работнции во трговијата и бараме од Собрнаието да не бидат изгласани овие законски измени со цел да не ги оштетиме работниците и да не ги уназадиме работничките права,“ истакна Димовски.

Димовски најави дека в петок ќе носат конечна одлука за генерален штрајк, кој во моментот, според претседателот на ССМ, е неминовен поради завршувањето на мерките за ограничувањето на основните производи и најавите од трговците на големо и на мало за над 10 отсто зголемување на цените.

„Затоа апелирам до Владата како трет социјален партнер и она што ни го вети за време на преговорите по општиот и колектувен договор за јавниот сектор каде што велеше со ребалансот на Буџетот и новиот Буџет за извршување ќе предвидат средства за нас работнците за линеарно зголемување од 2.806 денари тоа да го направи уште утре доколку сака да го избегне она што ни е законско право и обврска, а тоа е генерален штрајк и блокада на сите институции. Ако нема пари за работникот ќе нема за никого, бидејќи дојде време сите да ја биеме битката за гола егзистенција и преживување како на работнциите така и на нивните фамилии,“ подвлече Димовски.

Потпретседателот во приватен сектор во ССМ, Иван Пешевски забележа дека инфлацијата ја изела минималната плата и линеарното зголемување на платите.

„Без разлика дали е приватен или јавен сектор работникот во Македонија повеќе нема да има никаков бенефит од 2.806 денари линеарно зголемување и затоа во иднина како претставници на Сојуз на синдикати на Макеоднија ќе бараме и поголемо зголемување на платите и тоа да биде во најскор можен рок, а не да го чекаме септемвир и имплементација на членот 8 од Законот за исплата на минимална плата,“ рече Пешевски.

Пешевски порача претставниците на власта сериозно да ја сфатат пораката и да не даваат паушални изјави, бидејќи, потсети, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и министерката за труди и социјална политика Јованка Тренчевска на првомајскиот марш ветиле дека покачувањето на платите ќе биде договорено во рамки на социјалниот дијалог.

„Немаме повеќе трпение да чекаме и ќе си ги бараме сите права загарантирани со Уставот и Законот за работни односи,“ подвлече Печевски.

Во однос на барањата на трговците за недела да е работен ден упати апел до сите работодавачи и газди посебно во туристичките места да го прочитаат Законот за трогвија, кој им овозможува да работат и самите сопственици на дуќани во недела. Кога ќе отидат на годишен одмор со своите фамилии, посочија дека работниците ќе им излезат во пресрет и ќе работат две недели, ќе го испочитуваат Законот за работни односи да имаат непрекинат одмор од 14 дена.

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе