Министерството за економија и стопанските комори ги подготвуваат мерките

Уште се преговара за новиот антикризен пакет - ваучери за туризам ќе има и годинава

Најдоцна во првата недела од февруари Владата ќе излезе со петтиот сет антикризни мерки. Во тек се консултации со стопанските комори и со сите засегнати страни за дизајнирање на мерките, соопшти денеска министерот за економија, Крешник Бектеши. Тој најави дека и годинава ќе се делат ваучери за годишен одмор.

Министерот оцени дека досегашните четири пакети го даддоа очекуваниот резултат, и во делот на зголемување на ликвидноста на компаниите и во делот на зачувување на работните места.

„Во моментов разговараме, не се точно дизајнирани мерките. Има различни предлози, но во рамки на можностите и буџетските средства определени за ковид - програмата и секако, по состаноците со стопанските комори, ќе излеземе и заеднички ќе ги презентираме, напомена Бектеши.

За најпогодените сектори, како туристичкиот и угостителскиот, додаде дека „секако ќе има мерки, но како ќе изгледаат, ќе треба прво да се причекаат сите предлози од стопанските комори".

Бектеши рече дека и оваа година државата ќе продолжи да им доделува ваучери за одмор на работниците со ниски приходи во домашните туристички капацитети, соопшти денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.

Според Бектеши, поддршката ќе изнесува 12.000 денари по апликант, а јавниот повик ќе биде објавен во првата половина од годинава. Доделување на ваучерите ќе биде по принципот „прв дојден, прв услужен".

„Продолжуваме со мерката организиран одмор на работници со ниски приходи чии месечни примања по семејство не го надминуваат нето износот од 30.000 денари. Ефектите од ваучерите лани, за време на пандемијата, дадоа резултат, посебно за домашните туристички капацитети“, рече Бектеши и додаде дека лани беа искористени над 65.000 ваучери.

За оваа мерка годинава се предвидени вкупно 15 милиони денари.

Осврнувајќи се на програмите на Министерството за годинава, Бектеши потсети дека поддршката за туристичко-угостителскиот сектор беше вклучена во сите досегашни, четири антикризни пакети.

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе