Пролонгиран рокот

Уште денеска барања за државна помош за исплата на плата работодавачите

Работодавачите до Управата за јавни приходи може уште денеска да поднесуваат барања за државна помош за зачувување на работните места. Рокот, е пролонгиран заради прекинот во аплицирањето поради преопторавеност на системот, вели директорката на УЈП Сања Лукаревска

„Имавме прекин во системот за пријавување поради преоптовареност, но затоа ќе го продлжиме рокот за да им излеземе во пресрет на сите компании кои сакаат да ја искористат оваа државна мерка“, изјави Лукаревска во гостување на ТВ Телма.

Работодавачите може да поднесуваат барања за исплата на плата на вработените за октомври електронски преку системот Е-даноци, каде се прикачени обрасците.

Поддршката, е дел од четвриот пакет мерки, и е скалеста и се движи од 14.500 до 21.776 денари по вработен, во зависност од степенот на намалениот приход на работодавачот. 

Целта на мерката, за која се предвидени 70 милиони евра е зачувување на работните места и задржување на платите на исто ниво, а се однесува за месеците октомври, ноември и декември.

Компании кои ќе се пријават и ќе добијат пари за плати, а при тоа не ги искористат за таа намена, ќе одговараат кривично, најави Лукаревска.

„Месец за месец јавно ќе ги објавуваме имињата на компаниите кои ги злоупотребуваат парите. Заедно со трудовиот инспекторат ќе постапуваме, ќе контролираме и секој што направил злоупотреба ќе си одговара пред надлежните органи, исто како што има пријави во Јавното обвинителство за оние кои го направија тоа минатиот пат кога се даваше помош за плати, така ќе биде и сега, и уште построго“, рече Лукаревска.

Глобите се движат од 500 до 1.000 евра за малите правни лица, односно 1.000 до 10.000 евра во денарска провивредност на големите правни лица, А глоби на одговорното лице во правното лице се движат од 100 до 500 евра во денарска противвредност.

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе