Управувањето со недвижниот имот оставете им го на професионалците

Во светот, големите деловни објекти како и оние за домување, се одржуваат и управуваат од страна на специјализирани компании. На тој начин, се обезбедува поголема ефикасност, заштеда на трошоците, побрзо решавање на проблемите, подобро управување со приходите и подобра отчетност пред инвеститорите и другите групи од интерес.

Овие компании ја имаат потребната експертиза за квалитетно управување со недвижен имот, коешто покрај одржување на објектите, опфаќа и административна поддршка, финансиско-сметководствени услуги, навремена наплата на закупнините, сето тоа проследено со извештаи за управување со приходите и трошоците, пронаоѓање нови клиенти, преговори со потенцијални и постоечки клиенти, подизведувачи и други услуги.

Уште една важна придобивка од ажурното и квалитетно управување со недвижностите од страна на специјализирани компании е и можноста да ја одржите и зголемите вредноста на имотот. Препуштајќи им ја вашата инвестиција, сите услуги ги добивате од едно место, притоа штедите на ресурси, на располагање имате специјализирани кадри, како инженери и архитекти за преуредување и реновирање, стручни лица за енергетски ефикасни решенија, како и за потребната климатизација и вентилација, но важно е и да добиете добар совет и проценка уште на почетокот од соработката, за тоа какви решенија за управување на имотот најдобро би одговарале на вашите потреби.

Кај нас, исто така постојат позитивни примери за решавање на проблемите на инвеститорите. Давајќи им ја довербата на ваквите компании кои се грижат за управувањето со недвижностите, се остваруваат и до 30% повисоки резултати од работењето, како од аспект на обезбедување нови приходи, така и во заштеда на трошоците за нивно одржување.

Секако, пред да се одлучите за некоја компанија, проверете ги референците за нејзините услуги, нивото на квалитетот и стандардите на работење кои се применуваат. 

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе