УПОЗ: Предложените мерки на СДСМ се популистички и неодржливи

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Македонија (УПОЗ) смета дека предложените мерки вработените во администацијата и јавниот сектор за април и мај треба да добијат минимална плата се избрзани, популистички и неодржливи.

„За нас не е сфатливо зошто само во нашата држава се инсистира на кратење на платите до ниво на минимална плата и тоа од најниско платените, иако речиси сите држави во регионот и пошироко со преземените економски мерки воопшто или само процентуално ги намалуваат платите на вработените.

Изедначување на платите на фунционерите чии месечни примања се над 60 илјади денари, со платите на вработените кои земаат 17 илјади денари, не само што не е солидарно туку е и неспоредливо. Ова особено ако се земе предвид фактот дека повеќе од половина министри, пратеници, директори и членови на управните одбори имаат сопствени бизниси, а и доколку немаат, само платите кои им ги дава државата се доволни за заштеди со кои не само што можат да издржат повеќе од два месеци, туку по завршување на кризата со исплата на бонуси и дневници повеќе од два пати ќе си ги вратат намалените износи.

Со вака предвидената мерка се создава дополнителен јаз и нееднаквост на вработените, а особено кај вработените од категоријата Г (референти) во администрацијата чија максимална плата изнесува 16.474 денари, самохраните родители, родителите на деца со посебни потреби, вработени кои во семејството имаат болни од тешки хронични заболувања, како и на вработените кои се единествени вработени во семејствата.

Апелираме до Владата, повикувајќи се на начелото на солидарност и од уставната одредба според која Македонија е социјална држава, да не го прифати предлогот за намаување на платите во администрацијата особено на оние чија плата е под државниот просек од 25.200 денари. Предлагаме сите избрани функционери (министрите, пратениците, членовите на управните и извршните одбори и др.) да го следат примерот на министерката за финансии и во целост да се откажат од своите месечни примања сѐ додека трае кризата, а со цел да ѝ помогнат на државата. Само на тој начин ќе се покаже вистинска солидарност, бидејќи солидарност не е товарот да го понесат најмалку платените вработени.

Исто така предлагаме, државата за период од два месеци да го превземе плаќањето на придонесите за сите вработени, а здравствените трошоци за време на епидемијата да ги покрива Фондот за здравствено осигурување, а не работодавачите.

Но доколку намалувањето на платите во администрацијата сепак е нужно предлагаме друго решение и намалувањето да се однесува само на оние кои се повисоки од просечната плата во државата и тоа:

  • На вработените во Категоријата А (секретари) согласно Законот за административни службеници намалување од 30%;
  • На вработените во категоријата Б (раководители) намалување од 20%;
  • На вработените во Категоријата В групи В1 и В2 намалување од 10%.

            Апелираме до Владата во преден план да ја има економската и материјалната состојба на вработените“,се вели во соопштението на синдикатот на УПОЗ.

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе