Унит линк на Стопанска банка – животно осигурување со инвестициска компонентна

Стопанска банка како лидер во банкоосигурување на домашниот пазар почнува со понуда на Унит линк животно осигурување со инвестициска компонента. Со овој производ, единствено клиентите на Стопанска банка добиваат полиса за животно осигурување со можност за избор на вложување во GENERALI или WVP инвестициските фондови со посредство на кои вложените средства им се инвестираат во акции на водечките светски компании како: Apple,  Google, Facebook, Paypal, BMW, NIKE, VISA, Microsoft, Shell, Nestle, Coca Cola, Pepsi, Amazon, IBM, Siеmens и др.

Унит линк животното осигурување со инвестициска компонента е во континуиран подем во сите земји во Европа и веруваме дека во соработка со УНИКА лајф, како претставник на водечката австриска осигурителна компанија УНИКА, ја имаме најдобрата понуда на пазарот преку која клиентите добиваат животно осигурување во комбинација со можност за остварување на значаен принос на вложените средства.

Унит линк животното осигурување е достапно за сите клиенти, при што минималниот период на осигурувања со воложување на удели во инвестициски фондови изнесува 5 години, а минималната годишна премија изнесува 360 ЕУР во денарска противредност.

За олеснето сервисирање на премијата за осигурување, Стопанска банка на клиентите им овозможува бесплатен годишен или месечен траен налог, а клиентите имаат можност за избор на висината на инвестициската компонента и добиваат годишен извештај за состојбата на нивните вложувања во инвестицискиот фонд. Наскоро клиентите ќе имаат и можност за постојан увид во нивното инвестициско портфолио.

Комбинирајќи го акумулираното знаење на водечката австриска осигурителна компанија УНИКА, италијанското инвестициско искуство на GENERALI инвестицискиот фонд и австриската прудентна и високоприносна стратегија на WVP инвестицискиот фонд, на клиентите им ја овозможуваме најдобрата Унит линк понуда на пазарот.

До 3 декември понудата на Унит линк ќе биде достапна ексклузивно во ново отворениот и-банк корнер Ист гејт мол во Скопје, а почнувајќи од следната недела понудата на Унит линк ќе биде активна во сите филијали на Стопанска банка.

Со понудата на Унит линк животното осигурување со инвестициска компонента, Стопанска банка го одбележува ноември, месецот на осигурување со заокружување на најшироката пазарна понуда на банкоосигурување. Согласно објавените национални податоци од АСО за третиот квартал од 2021 година Стопанска банка е убедлив лидер во делот на банкоосигурување, со водечка позиција на пазарот како по број на осигурителни полиси така и во бруто осигурителна премија и во животното и во неживотното осигурување.

Комерцијален текст

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе