УНИбанка продолжува со поддршката за развој на дигиталните бизниси и претприемаштво

По успешното потпишување на договор со Фондот за Иновации и Технолошки Развој (ФИТР) на С. Македонија, со кој се даваат големи поволности на Старт-ап компаниите (повеќе за поволностите), УНИБанка продолжува со засилена поддршка на претприемништвото и дигиталните бизниси.

На презентацијата за настанот “Недела на Start-Up и Мали и Средни Компании” организиран од ГС1 Македонија и ЦИКП, УНИБанка детално ќе го претстави новиот концепт “Мој Банкар”. Услугата овозможува компаниите да добиваат полесен, побрз и поедноставен пристап до банкарските продукти, но од најголема важност консултации поврзани со нивните редовни деловни обврски за унапредување на работењето и финансиската стабилност кај компаниите.

За еден од најголемите предизвици за Start-Up и Малите компаниите е управување со солвентноста и финансиите. “Мој банкар” им овозможува на претприемачите насоки како да управуваат и кои се најсоодветните банкарски продукти што ќе овозможат ликвидност и финансиско “здравје” на нивните компании. Преку интерактивниот настан, претприемачите ќе бидат во можност директно да ги разгледаат бенефитите и начините за користење на услугата.

“Настанот е уникатна можност да го претставиме нашиот најнов концепт “Мој Банкар” пред главните двигатели на развојот на економијата, Start-Up-ите и претприемачите бизниси. УНИБанка како сериозна дигитална институција го има капацитетот да даде најдобриот совет за кои и какви банкарски продукти се потребни на еден бизнис и да ги консултира клиентите за финансиската состојба на нивните компании. Поради тоа се повеќе ќе се насочуваме кон поддршка на претприемништвото и дигиталните бизниси. Ние како Дирекција за Стратешки Клиенти секогаш сме на располагање и насочени кон унапредување на бизнисите на нашите клиенти.” – изјави Сања Митровска.

На настанот концептот ќе биде претставен од Сања Митровска – Менаџер во Дирекција за Стратешки Клиенти, која по завршување на конференцијата ќе може да биде контактирана на [email protected].

Една од главните цели на УНИБанка е поддршката за дигиталните бизниси, развојот на дигитализацијата и претприемништвото во Македонија. Поддршката е во насока на исполнување и на долгорочната цел на УНИБанка да сопствените дигитални капацитети и напредни дигитални решенија ги приближи до клиентите за заедничко остварување на повисоки резултати.

 

Комерцијален текст

 

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе