Со елегантен коктел

„УНИ банка” одбележа 15 години во Гостивар

„УНИ банка" го прослави својот 15-годишен јубилеј на својата експозитура во Гостивар со елегантен коктел во ресторанот „Мон Блан". На настанот присуствуваа над 100 клиенти, партнери и пријатели на банката од градот и од регионот.

Раководителот на експозитурата Гостивар Никола Стефанов, ги поздрави гостите и вработените, при што направи пресек на изминатиот 15-годишен период.

Стефаноц изрази благодарност до клиентите за довербата во текот на годините, како и до сите вработени во банката во Гостивар, кои со многу труд и професионализам го претворија името „УНИБанка" во симбол за висок стандард во работата со клиентите.

На прославата присуствуваа Делчо Крстев, член на УО и извршен директор на „УНИ банка",  Милка Тодорова, член на УО и извршен директор на „УНИ банка" и Иво Зимоски, директор на дирекцијата „Мрежа на експозитури".

Заедно со раководителот на експозитурата Гостивар, тие ја пресекоа тортата по повод јубилејот.

Елегантниот коктел продолжи со музичките изведби на групата "План Џ" во пријатно расположение.

„Денешниот настан има клучна улога за „УНИ банка". Градот Гостивар е првиот град, во кој нашиот тим одбележува свечен јубилеј и верувам, дека со ова го означуваме почетокот една значајна иницијатива за колегите во целата земја, што наскоро ќе ја претвориме во традиција. Во својата секојдневна работа секогаш се раководиме од максимата дека не е важно само да се обезбедат различни финансиски услуги, туку и секој ден да се докажуваме како партнер, на кој нашите клиенти може да се потпрат не само во успесите, туку и во тешките моменти", изјави извршниот директор  Делчо Крстев.

До денес, мрежата на експозитури на банката во земјата брои 30 експозитури. Во регионот на Гостивар „УНИ банка" е веќе сигурен партнер на близу 5000 клиенти. Главните дејности, за кои банката обезбедува финансирање, се фокусираат на инвестициите во градежништвото, трговијата, производството, туризмот и услугите. Со ова финансиската институција придонесува за развојот на бизнис климата во регионот, за реализација на нови проекти и директно и индиректно влијае врз стапката на вработеност преку обезбедување многу работни места.

 

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе