УНИБанка АД Скопjе со промени во раководството

УНИБанка направи промени во оперативното раководство на финансиската институција. По 16 години работа во УНИБанка, Коста Митровски се повлекува од позицијата на Главен Извршен директор и Претседател на Управниот Одбор на банката, сметано од 10.05.2019 година.

Раководството на УНИБанка е благодарно за придонесот на Митровски во развојот на банката, за долгогодишната работа во насока на зацврстување и докажување на институцијата како стабилен и сигурен партнер за клиентите и му посакува успех во понатамошните активности.

„Работните обврски на Митровски ќе бидат распределени меѓу останатите тројца членови на УО и воедно Извршни директори на УНИБанка-Делчо Крстев, Владислав Хаџидинев и Милка Тодорова“, информираат од Банката.

УНИБанка е една од наjбрзо растечките компании во земјата, со активи од над 330 милиони евра и добивка од 4,35 милиони евра за 2018 година.

Комерцијален текст

 

 

 

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе