УНИ банка со највисока каматна стапка до 4% за депозит „Детско штедење - фикс јуниор“

УНИ банка АД Скопје, деновиве промовира уште еден депозитен продукт со висока каматна стапка. Депозитот е наменет за малолетни лица, односно деца до 18 годишна возраст.

Она што е најинтересно за „Детското штедење”, е високата каматна стапка што УНИ банка ја нуди за овој вид на депозит и тоа 4% за период од 5 години. Воедно, каматата е фиксна и непроменлива и на тој начин нуди гарантирани и атрактивни приходи до истекот на рокот. „Детското штедење” на УНИ банка дава и можност за избор на најсоодветна рочност и валута, без ограничување во износот и бројот на дополнителните вложувања. УНИ банка, на денот на штедењето 31 октомври, ќе организира „Ден на отворени врати” за  посети на ученици во своите експозитури, а за сите нови млади штедачи подготви интересни подароци.

Основниот мотив од кој се води УНИ банка за креирање на ваквите услови на продуктот е развивњето на финансиската писменост на децата уште од мала возраст како и создавање навика да се инвестира во посигурна иднина на децата.

Не ми се верува дека кај нас некој си одбор дебатирал и одлучувал за ова ребрендирање. Повеќе ми личи на пост-празнична летаргија.

повеќе

Потребна е промена на Законот за влада и на Изборниот законик, со која ќе се воведе правилото избор на автентична техничка влада која би владеела за време на изборниот процес, од распуштањето на парламентот до формирањето нова влада односно за време на изборната кампања.

повеќе

И Груевски и Заев дојдоа како демократи, заминаа како автократи.

повеќе