Како потсетување, во јануари 2019 година УНИ банка ја издаде првата емисија на перпетуални обврзници во Република Северна Македонија, што претставува прв финансиски инструмент од овој вид на македонскиот пазар на капитал.
Вкупната номинална вредност на емисијата изнесува 5 милиони евра. Обврзницата е без рок на доспевање, со фиксна каматната стапка од 9% на годишно ниво за првите пет години, по завршување на овој период каматната стапка се зголемува на 11%. Номиналната вредност на обврзницата изнесува 1.000 евра.
Перпетуалната обврзница е котирана и со истата може да се тргува на официјалниот пазар на Македонска берза.