УНИ банка и Мастеркард ја доделија големата награда автомобил Хјундаи

На 20 септември во Бизнис центарот на УНИ банка во Скопје, во присуство на надлежен нотар Анита Адамческа, претставник од маркетинг агенција Киви, Андреа Стојановска и претставници од УНИ банка Катица Кузманоска, директорка на дирекција Банкарство за население и Александра Накова-Парнарџиева, директорка на дирекција Картично работење, кои се погрижија за регуларноста, беа извлечени добитниците на наградите од големата наградна игра на УНИ банка во соработка со Мастеркард „Плаќај со стил и добиј автомобил“.

Пет електрични тротинети, три мобилни „Ајфон 13“ телефони и главната награда, најновиот Хјундаи (Hyundai Venue), со сигурност ќе им ја направат незаборавна 2022 година на деветтемина клиенти на банката, кои од 1 јуни до 31 август извршиле трансакција од најмалку 1.000 денари со својата дебитна или кредитна Mастеркард картичка од УНИ банка.

Среќа имаа да бидат извлечени: Аце Деспотовски од село Новаци, Битолско кој воедно беше најсреќниот и главната награда автомобил Hyundai Venue му се падна токму нему.

Среќните добитници за мобилните телефони се Ивана Куфалова од Скопје, Љубица Станкова од Радовиш и Борче Марковски од Битола. 

Електричен тротинет добија петмина и тоа Маја Бошковска од Струга, Дарко Атанасовски од Скопје, Ивана Чапова од Радовиш, Фатмир Синаноски од Крушево и Шукри Ахмедов од Струмица.

УНИ банка им честита на добитниците за освоените награди.

Комерцијален текст

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе