Со скеднирањето на фискалните сметки

УЈП: Започната е исплатата на МојДДВ - кон граѓаните 6,1 милион евра

Управата за јавни приходи известува дека е започнат процесот на исплата на паричните средства од МојДДВ за последното тримесечје од 2020 година, согласно Законот за враќање на дел од ДДВ кај физичките лица.

На граѓаните кои скенирале фискални сметки преку апликацијата МојДДВ за месеците октомври, ноември и декември 2020 година, ќе им се исплати дел од данокот на додадена вредност искажан во фискалните сметки.

„Во последното тримесечје од 2020 година скенирани се 67.272.456 фискални сметки, вкупниот промет е 33.398.562.346,00 денари, а на граѓаните ќе им се вратат околу 382 милиони денари односно околу 6,1 милиони евра", велат од УЈП.
Проектот МоЈДДВ Управата за јавни приходи го започна на 1 јули 2019 година.

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе