УЈП со оценка: Викендот без ДДВ успешен, зголемен прометот на македонски производи

Во деновите 10, 11 и 12 октомври 2020 година, за време на Викендот без ДДВ вкупно 204.088 граѓани купиле македонски производи и услуги, како и компјутерска опрема и издадените фискални сметки ги скенирале преку апликацијата МојДДВ. Во Викендот без ДДВ остварен е промет од 558.176.715 денари со што граѓаните ќе остварат враќање на ДДВ во износ од 66.853.929 денари, соопшти Управата за јавни приходи.

Од УЈП наведуваат дека парите ќе им ги исплати на граѓаните на нивните трансакциски сметки во рок од 15 дена од последниот ден на скенирање на фискалните сметки.

„Од анализите и споредбите што ги направи Управата за јавни приходи потрошувачката на македонски производи во овој Викенд без ДДВ во споредба со потрошувачката на истите производи во претходните викенди во истиот месец е за 2,2 пати зголемена“, велат од УЈП.

Според податоците, овој викенд скенирани се трипати повеќе фискални сметки и остварен е и 9,5 пати поголем промет од македонски производи во однос на истиот од минатата година.

„Првата мерка од четвртиот сет антикризни мерки што ги донесе Владата стартуваше токму со мерката ‘Викенд без ДДВ‘ која целосно ја спроведе Управата за јавни приходи. Резултатите од оваа мерка се повеќе од успешни, бидејќи значат повеќе пари назад кај граѓаните, зајакнување на домашниот буџет и истовремено зголемена  потрошувачка на македонски производи и услуги. Поттикнување на промет кај македонските компании е поддршка во услови на криза, која влијае и на подобрување на ликвидноста на компаниите“, пишува во соопштението од УЈП.

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе

Време е да се слушнат мислењата на 30-те компании кои најдобро се справуваат со кризата.

повеќе

Мицкоски треба да побара собраниска расправа за односите со Бугарија или во перцепцијата на јавноста ќе биде изедначен со Заев. Лидерските средби не се институционална форма.

повеќе