УЈП: Парите од второто тримесечје на МојДДВ на сметките на граѓаните во февруари

Во февруари граѓаните кои скенирале фискални сметки во периодот октомври – декември 2019 година ќе ги добијат своите средства од повратот на ДДВ, информираат од Управата за јавни приходи. 

Во второто тримесечје од МојДДВ повратот на средства кај граѓаните ќе изнесува 3.791.000 евра.

Заклучно со 30 декември, според податоците на УЈП, за три месеци биле скенирани 28.948.878 фискални сметки, а значително пораснал износот на средства што ќе бидат вратени кај граѓаните, благодарејќи на зголемениот број на фискални сметки што се скенирани. За првото тримесечје од МојДДВ на сметките на граѓаните досега легнале околу 2,5 милиони евра.

„Информираме дека за првото тримесечје од МојДДВ, за коешто исплатата започна во декември 2019 година, исплатен е поврат кај 144.601 граѓани кои во апликацијата МојДДВ внеле валидни трансакциски сметки“ се наведува во соопштението на УЈП.

Од УЈП повторно ги потсетуваат граѓаните кои не добиле поврат на ДДВ, дека во апликацијата МојДДВ мора да внесат трансакциска сметка, или ако направиле грешка, да ги коригираат бројките од нивната трансакциска сметка. Откако ќе го направат овој чекор, УЈП ќе ја изврши исплатата на повратот на ДДВ и кај овие граѓани.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе