УЈП ја објави последната листа на должници

Управата за јавни приходи ги објави имињата на физички лица и самостојните вршители на должност кои имаат долг повисок од 120.000 денари, а за правните субјекти листата се однесува на долг поголем од 300.000 денари. Прва на листата е компанијата Отекс од Охрид со долг од 11,8 милиони евра. Втор најголем должник е Македонија пат со 7,4 милиони евра.

Се работи за доспеани долгови до 31 април и неплатени до 31 јули, а се по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

На листата се и трите некогашни компании за производство на автобуси на Мексиканецот со македонско потекло Ангел Кастиљо со долг од 21 милион евра.

Од државните компании тука се и МЖ Инфраструктура – 756 илјади ева, Македонската радио и телевизија со неплатени 1,7 милиони евра, ТВ Алфа со долг од 100 илјади евра, ТВ Нова должи 20 илјади евра... Од Општините најмногу должи Карпош – 144.000 евра. На листата се уште може да се најдат и маркетите Хедис на бизнисменот Велија Рамковски  чии долг изнесува над 2 милиони евра.

Еден од начините УЈП да си ја надомести загубата од хроничните неплаќачи е одземањето деловен имот, возила уметнички и други вредни предмети.

Дипломатијата е уметност невозможното да го направите возможно (Ш.-М. Талеиран).

повеќе

Односите меѓу Грција и Македонија се на клучна точка, вели Катимерини и со ѕвездички дообјаснува дека употребата на терминот „Македонија“ е на авторот и дека не го одразува ставот на весникот. Сепак се чини ова е првпат грчкиот весник да нè напише со уставното име.

повеќе

И ако граѓаните или Владата очекуваа дека Јункер на Заев ќе му даде покана со датум за влез на Македонија во ЕУ, тогаш живееме во илузии.

повеќе