УЈП: Даночни обврски за персонален данок на доход да се платат во најкраток можен рок

Доколку граѓаните не извршиле плаќање на утврдените даночни обврски за персонален данок на доход за 2015 година и за претходни години (по основ на Годишна даночна пријава) и за 2016 година (по основ на Аконтативна даночна пријава), истото да го сторат во најкраток можен рок, порачуваат од Управата за јавни приходи(УЈП).

Укажувањето се однесува и за самостојните вршители на дејност (занаетчии, земјоделци, трговци поединци, адвокати, нотари и др.) кои не извршиле плаќање на персоналниот данок на доход, без разлика дали станува збор за обврзник кој го плаќа данокот според реален или паушално утврден приход, велат оттаму.

„Граѓанинот може да изврши проверка на состојбата на долговите за персонален данок преку интернет користејќи ја услугата „е-Плаќање на персонален данок“.

Регистрацијата за користење на оваа е-услуга е бесплатна за граѓаните. Единствено што ви е потребно е е-пошта и да креирате ваш кориснички профил на https://etax-fl.ujp.gov.mk/index_pregledPlakanje.jsp

За повеќе информации преземeте го флаерот „e-Плаќање на персонален данок“ (кликни http://www.ujp.gov.mk/mk/publikacii/pogledni/60)“, објаснуваат од ЈУП.

Доколку граѓанинот по различни основи има потреба да му биде издадено Решение за утврдување на персонален данок, може да поднесе Барање за препис (УЈП-ПР-З.2-16/1).

Дополнителни информации можете да добиете  преку Инфо центарот 0800 33 000.

Без оглед дали сте поддржувач или противник на претходната власт, не можете да оспорите дека таа постави сосема нови стандарди во поглед на мерките, напорите и вложувањата за да се привлечат странски инвестиции, за наши услови. 

повеќе

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе