Угостителите незадоволни од препораките на Комисијата за заразни болести

На денешниот состанок на Комисијата за заразни болести не е прифатено ниту едно барање од Независната угостителска комора (НУК), изјави за медиумите Здравко Јосифовски од Независна угостителска комора пред Министерството за здравство по седницата на Комисијата.

„Она што се плашевме, тоа и навистина се случи. Ние денеска бевме само гости. На кратко ни беше напоменето од министерот Венко Филипче дека угостителските објекти се планира да бидат затворени во 18 часот и со прашањето – што имате да кажете“, изјави Јосифовски.

Тој додаде дека на време и во писмена форма ги доставиле своите барања до Комисијата за заразни болести, а потоа им било овозможено на секое прашање да дадат кратки одговори.

„Ниедно од нашите барања не само што не беше разгледано, дискутирано, дебатирано или овозможено понатамошна дискусија, сите барања претпоставувам дека беа отфрлени ад хок затоа што решението за денешното затворање, односно ограничување на угостителските објекти беше донесено пред време. Денеска беше едноставно само фарса пред јавноста и пред Комората, на некој начин да се укаже дека одлуките, што наумиле и ќе ги носат без разлика на реалноста и ефектите што тие ќе ги предизвикаат“, рече Јосифовски.

Посочи дека на состанокот напоменале дека ниеден угостителски објект во кој се почитуваат протоколи и препораки за работа, во моментов и досега не е извор за ширење на заразата. Исклучок се угостителски објекти кои не ги почитуваат протоколите или кои било други услови за работа.

Одговарајќи на новинарско прашање, Јосифовски рече дека ги почитуваат одлуките и препораките.

„И во минатото, и денеска, ние како угостители во секој момент ја почитуваме која било препорака на Комисијата за заразни болести и одлука што ќе ја донесе Владата. Она што не го добиваме ние, тоа е почитта од Владата во случај кога не лимитира или не ограничи во работењето ни ги надомести штетите“, рече тој и додаде дека која било мерка да се донесе ќе ја испочитуваат, а не знаат кои угостители и дали ќе можат да работат со новите мерки.

Според него, оваа препорака ако ја прифати, Владата треба да размислува на кој начин и дали ќе ги надомести штетите што ќе резултираат од овие ограничувања на угостителски објекти. Додаде не може да се процени точно штетата, но смета дека таа е големи. Вели дека угостителите се соочуваат со големи проблеми, се во минуси и не знаат како ќе биде со работа во јануари и во февруари следната година. 

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе