Угостителите бараат Владата да ја укине одлуката за забрана на влез за невакцинирани во локалите

Независната угостителска комора (НУК) бара од Владата веднаш да ја укине одлуката со која се забранува посета и влез на невакцинирани лица во угостителските објекти, со образложение дека е неприменлива и не може да биде испочитувана без да се нарушат повеќе човекови права и да се прекршат неколку закони, посебно Законот за заштита на личните податоци.

Целта на Барањето, како што велат од Комората, е да се спречи деградација и селекција на вакцинирани и невакцинирани гости и да се овозможи сите угостителски објекти да бидат достапни еднакво за сите граѓани.

„Донесената мерка е неприменлива и неспроведлива од страна на угостителите без соодветна законска регулатива и продолжени и пренесени овластувања кои во моментов ги нема. Ниту т.н. нови редари, ниту кој било инспектор, ниту угостителите и вработените во угостителските објекти имаат законска можност, овластување и право да вршат проверка на лицата за нивната состојба на вакцинација со приложување потврда за извршена имунизација“, соопшти НУК.

Барањето е адресирано лично до премиерот Зоран Заев, а во него НУК наведува дека медицинската состојба на граѓанинот и гостинот е сензитивна информација и согласно Законот за заштита на лични податоци со исклучок на службено лице и/или овластено лице – лекар, никој друг нема право да врши проверка или прибирање на оваа информација, ниту да врши селекција, односно дозвола за влез во јавен објект на граѓаните по основ на оваа состојба.

„Во  моментов сѐ уште согласно постојната важечка законска регулатива вакцинацијата е изборно право на секој граѓанин и не е задолжителна и како такво истата не смее да биде услов за нормално движење, работење и слобода на уживање на човековите права ниту услов за влегување во јавен објект и користењето на услугите на јавниот објект како што се угостителските објекти. Со оваа одлука неприфатливо е угостителските објекти да се ставаат во улога на експериментален филтер за да се провери дали и како системот на селекција на граѓаните може да функционира на вакцинирани и невакцинирани. Поради сето ова, бараме и очекуваме од Вас, веднаш да се укине одлуката со која забранувате посета и влез на невакцинирани во угостителските објекти“, вели претседателот на НУК, Здравко Јосифовски.

Ако Владата не ја укинете одлуката, Јосифовски, како што додава, ќе биде првиот сопственик што ќе го затвори угостителскиот објект.

Владата донесе одлука со која од 16 август годинава се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, со задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид објект на отворено, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за каков било настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани) на отворено.

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе