По најавата за нови рестриктивни мерки

Угостителите бараат да учествуваат на седницата на Комисијата за заразни болести

Независната угостителска комора (НУК) официјално побара да учествува на утрешниот состанок на Комисијата за заразни болести по најавата за целосно затворање и нови рестриктивни мерки за работењето на угостителските објекти.

„По вчерашните информации дека дел од членовите на Комисијата за заразни болести се залагаат за целосно затворање на сите угостителски објекти за периодот од 31 декември до 8 јануари како Независна угостителска комора утринава доставивме барање за учество во понеделничкиот работен состанок на претставници на нашата комора и претставници на останатите комори за туризам и угостителство на кои се планира да се донесат овие препораки за нови рестриктивни мерки за угостителите и угостителската индустрија. 

Бараме да ни се овозможи да ги слушнеме грижите и оправдувањата на членовите на Комисијата за заразни болести поради кои сака да ги усвои најавени рестриктивни мерки и истовремено да ни дозволи и овозможи пред истите да ги достави до Владата и да ги објави да ни овозможи да укажеме за нивните недоследности, нелогичности, очекувани негативни ефекти и општествени последици не само за сите угостители и целокупната угостителска индустрија туку и за сите граѓани на нашата држава“, пишува во известувањето од НУК.

Оттаму ѝ порачуваат на Комисијата наместо да го троши времето на парцијални и моментални ад хок одлуки за препораки за мерки со кои само ќе се усложни постојната состојба во угостителството без никаков здравствен ефект, да ги засучи ракавите и да помогнат на угостителите и угостителската индустрија со тоа што, како што велат, времето ќе го трошат во изработка на стратешка програма и стратегија со предлог мерки, решенија и т.н. протоколи наменети за целокупната угостителска индустрија за начините на работењето во наредната 2021 година.

 

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе

Во Македонија моментално има стотици активни стечајни постапки, некои од нив се водат повеќе од 10, па дури 20 години.

повеќе