МЗШВ

Тутунопроизводителите наскоро добиваат олеснителни околности при откупот на тутунoт

„Тутунопроизводителите наскоро добиваат олеснителни околности при откупот и производството на тутун. Претседателот на државата Стево Пендаровски вчера го потпиша новиот Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи“, соопшти денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Со донесување на Законот за тутун, тутунски производи и сродни производи ќе се подобри и поедностави постапката за пријавување на производството на тутун, ќе се укине издавањето на евидентниот лист, договорот на производството и откуп на тутун ќе се склучува со откупувачот на тутун кој директно го внесува во електонскиот систем за водење на евиденција на тутун-ИСЕТ; ќе се врши усогласување на роковите за пријавување и договарање на производството на тутун, јавната објава на договорот, обезбедувањето на семенскиот материјал, откупот на тутунот со агротехнолошките рокови прифатени од сите чинители кои учествуваат во процесот на производство, откуп и следење на тутунското производство во тековната реколта.

МЗШВ преку новиот Закон за тутун, тутунски производи и сродни производи ги задолжува откупувачите да отворат откупни пунктови во населени места со договорено производство  над  100 тони тутун. Оттука откупот на тутун ќе се врши според мерила и методи за квалитативна и квантитативна процена на тутунот кои ги пропишува министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ќе се поедностави процедурата за полагање на испит за добивање на лиценца за процена на тутун. Со донесувањето на овој закон проценителите на тутун и претставниците на тутунопроизводителите и откупувачите ќе треба да посетуваат обука согласно постоечките и новите законски одредби, ќе се воспостави контрола на тутунот, обработениот тутун, производите од тутун, сродните производи и адитивите, ќе се воведува, уредува и регулира производството, прометот и контролата на електронските цигари и контењерите за повеќекратно полнење, несогорливиот тутун и сродните производи и растителните (билни) производи за пушење. Законот исто така предвидува и усогласува на изгледот и пакувањето на производите од тутун наменети за пушење (20 цигари) според Европските регулативи.

Со новиот Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи МЗШВ очекува значително да се намалат административните процедури за тутунарите со тоа што тие ќе склучуваат договори директно со откупните претпријатија.

Годинава откупени се над 25,2 милиони киограми тутун од минатат реколта по просечна откупна цена од 214,24 денари за килограм, се вели во соопштението од МЗШВ.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе