Tутунарите сметаат дека изјавата на Јахоски за нов Закон за тутун може многу да помогне

Од здружението „Тутунска надеж“ велат дека изјавата на пратеникот Исмаил Јахоски за нов Закон за тутун е во корист на тутунарите. Ги повикуваме сите пратеници заедно со здруженијата да се состави закон кој нема да биде на штета на земјоделците и тутунарите, велат од здружението.

Изјавта на пратеникот Јахоски е во корист на тутунарите, па затоа ги повикуваме сите пратеници да состават закон кој нема да му наштети на никој, а најмалку на еден од најголемите полначи на буџетот, а тоа се тутунарите.

Од „Тутунска надеж“ напоменуваат дека тие се првото здружение кое повика на измени на Законот за тутун и сродни производи.

„Минатата реколта мал дел тутунари ја почувствуваа штетноста на тој закон. Оваа реколта проблемот ескалира. Државата треба, а и мора прво да го заштити домашното производство и своите земјоделци, и доколку има услови за производство на останатите сорти тутун да ги мотивира земјоделците да го произведат на сопствена почва, а не да го увезат од надвор. Владее безработица и големо иселување на народот во други држави и наместо тоа да се сопре се поттикнува“, сметаат од здружението.

Јахоски вчера изјави дека бара измени на постојниот Закон за тутун и тутунски производи.

„Да не се манипулира со маката на тутунарите и да се откупи тутунот по пазарна цена. Ова не смее да ни се повторува речиси секоја година како проблем, мора да има гаранции за овие луѓе. Да се преземе сѐ за да се откупи тутунот во законскиот рок, а потоа да се склучуваат договори за новата реколта“, апелира Јахоски до компаниите кои го вршат откупот на тутун.

Според него, добар пример е решението со лозарите, кога владата донесе пакет итни мерки за откупот на грозје и даде поддршка за винарските визби.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе