Владина поддршка

Тутунарите од утре ќе добиваат дополнителни пари за откупениот тутун

Владата преку Генералниот секретаријат ја започна исплатата на финансиската поддршка за 19.060 тутунари со вкупна вредност од 300 милиони денари. Исплатата е во рамки на пакетот поддршка за намалување на последиците предизвикани од ковид-19 и на сметките на производителите на тутун веќе од утре ќе почнат да стигнуваат парите за откупените количини.

Како што соопшти владината прес-служба, се работи за поддршка од три денари по килограм за произведен и продаден необработен тутун од втора класа и 16 денари по килограм за произведен и продаден необработен тутун од трета и четврта класа.

На оваа финансиска поддршка ѝ претходеше исплата на субвенции за произведен и предаден тутун во висина од 1,7 милијарди денари со што владината поддршка за тутунопроизводството во година на светска здравствена и економска криза изнесува два милијарди денари.

 

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе

Откривањето на минатото ни помага многу да ги научиме изненадувањата на иднината.

повеќе