Сојуз на стопански комори на Македонија

Туристичко-угостителскиот сектор го очекува колапс ако не добие поголема поддршка

Туризмот и угостителството се најчувствителни на надворешни влијанија како што е актуелниот случај предизвикан од глобалната пандемија и се најпогодениот сектор од актуелната криза, при што загубите кај голем број правни субјекти беа и сѐ уште се 100 процентни, оценуваат од Сојузот на стопански комори на Македонија.

Владимир Граматиков

Првиот удар беше тоа што кризата почна на самиот почеток на сезоната кога и се затворија границите.

„Овој сектор се најде во ситуација од период на неактивност да влезе во период на рестрикции. Мало подобрување на состојбата имаше во летниот период, кога некои субјекти успеаја да ја намалат загубата, но гледано на годишно ниво, не се постигна остварување на профит ниту пак покривање на трошоците. Се постигна единствено намалување на загубите. Во подеднакво незавидна состојба се хотелите, туристичките агенции, рестораните, кафулињата, ноќните клубови, рент-а-кар компаниите, кои имаат високи фиксни трошоци поради природата на нивната дејност, без разлика дали работат или не“, вели Владимир Граматиков, претседател на Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопански комори на Македонија која повеќе од 10 години ги застапува интересите на над 1.500 претпријатија.

Туристичкиот сектор, како што додава, прв се обедини, а Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопански комори во дијалог со Владата активно се вклучи во предлагање на соодветни мерки за помош на секторот. Владата донесе четири пакети на економски мерки кои беа насочени кон целата економија, но и таргетирани кон туристичко-угостителскиот сектор.

Но колкави се трошоците и добиената помош во различни дејности од секторот?

Угостителите се меѓу најпогодените од пандемијата, бидејќи голем дел од нив немаат никаква активност 10 месеци или поточно од март 2020. Секој ресторан има просечни месечни режиски трошоци од околу 5.000 евра на што треба да се додадат и трошоците за плати на вработените. Добија еднократна помош од 10.000 евра што е еквивалент на покритие за трошоците за два месеци, како и финансиска поддршка од 14.500 денари за шест месеци.

На туристичките агенции просечно месечно им се потребни 1.500 евра за режиски трошоци, но имаат и дополнителни трошоци за плати за вработени. Тие добија финансиска помош во висина од 3.000 до 5.000 евра еднократна помош и финансиска поддршка од 14.500 денари за шест месеци.

Туристичките водичи, кои останаа без прилив цели 9 месеци, добија помош дури на крајот на годината, кој доколку се пресмета на просечно месечно ниво за 10 месеци од кризата е околу 6.000 денари месечно.

Рент-а-кар компаниите, покрај намалувањето на работа од повеќе од 60 отсто истовремено се соочуваат со огромна загуба на капиталот по однос на губење на вредност ва возилата, кои им се основно средство за работа, кои генерираат трошоци за сервисирање и регистрација со дополнителна доплата за дејноста. Од економските мерки имаа можност да аплицираат за финансиска поддршка од 14.500 денари за период од 6 месеци.

„Важно е да се нагласи дека се цени помошта од државата, но апелираме во 2021 година таа да биде посилна и таргетирана кон поддршка на туризмот и угостителство, за да може да се преживее. Средствата се потрошени и ако нема посилна поддршка многу од деловните субјекти ќе згаснат. Многу е значајно во обезбедување на економската помош да има континуитет односно таа да продолжи од јануари“, изјави Граматиков.

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе