Туристичко-угостителската комора може да донесе 5.000 работници oд Турција

Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопански комори во соработка со организациите од Турција може да обезбеди 5.000 квалификувани работници кои веднаш ќе почнат да работат во македонските капацитети доколку надлежните институции овозможат нивно вработување под условите кои важат и за македонските државјани. Поради одливот на кадар во европските држави, секторот се соочува со сериозен недостиг на квалификувана работна сила што е закана за опстојувањето на голем број деловни субјекти.

„Во комуникација со секторските здруженија и организации од Турција најдовме решение за надминување на сериозниот проблем со кој се соочува туристичко-угостителскиот сектор, недостигот на квалификувана работна сила како келнери, рецепционери, собарки, кувари и имаме зелено светло веднаш да донесеме 5.000 работници, за кои нашите плати се прифатливи. Но за да може тоа да се операционализира неопходно е да се поедностават процедурите за регулирање на вработувањето на овие лица бидејќи во нашата држава постои прилично сложена процедура за засновање на работен однос со странски државјани. Сметаме дека доколку овие лица може да се вработат под истите услови како и нашите државјани значително ќе го ублажиме сериозниот кадровски проблем со кој се соочуваме“, истакна претседателот на ТУК, Аркан Керим, кој сподели и проценка дека реалната бројка на работници кои недостигаат во овој сектор се движи околу 20.000, а доколку не се најде решениe постои ризик за затворање на 50-60 проценти од постоечките капацитети.

Дел од активностиоте на ССК е насочена и кон обезбедување на финансиска поддршка од ЕУ неповратни фондови за поставување на соларни панели и користење на други алтернативни извори на електрична енергија.

„Новото раководство на комората во кое вклучуваме и успешни бизнисмени од секторот кои се од Америка, Австрија и Турција ќе се залага за воспоставување на директна комуникација со Европската комисија во приближување на овие неповратни фондови за финансирање на деловните субјекти во туристичкиот сектор во нашата земја. Комората ќе помогне во обезбедување на извори на финансирање, но и ќе го мониторира начинот на нивно трошење со цел оправдување на инвестицијата за соодветната цел. Дел од овие средства ќе се инвестираат и во алтернативните извори на енергија како сериозна можност која значително ќе ги намали трошоците за електрична енергија на деловните субјекти од овој сектор“, истакна Керим.

 

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе