Поради стабилизирање на ситуацијата со ковид-19, бараат да се врати и условот за 75 или 100 процентна исполнетност во автобусите.
„Авионските компании и во екот на пандемијата сообраќаа со целосна исполнетост на нивните авиони, па зошто да не можат и автобусите. Во време кога се трудиме да изработиме што било, ограничени сме со работа поради автобусите. Платежната моќ на граѓаните е намалена поради кризата, не можеме да ги покачиме цените и дополнително одиме во нови загуби“, велат од агенциите.