Не само поддршка за плати

Туристичките агенции бараат 75 или 100 отсто исполнетост на автобусите

Туристичките агенции бараат итно продолжување на финансиската поддршка за плати и зголемување на капацитетите во автобусите. Во денешното соопштение тие наведуваат дека финансиската поддршка за плати треба да биде во континуитет бидејќи, како што велат, секој месец се зема плата, а стигнуваат опомени за блокирање на сметките.

Поради стабилизирање на ситуацијата со ковид-19, бараат да се врати и условот за 75 или 100 процентна исполнетност во автобусите.

„Авионските компании и во екот на пандемијата сообраќаа со целосна исполнетост на нивните авиони, па зошто да не можат и автобусите. Во време кога се трудиме да изработиме што било, ограничени сме со работа поради автобусите. Платежната моќ на граѓаните е намалена поради кризата, не можеме да ги покачиме цените и дополнително одиме во нови загуби“, велат од агенциите.

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе