„Триглав“ строго ги применува мерките на Влaдата

Триглав осигурување АД, Скопје, Триглав осигурување живот АД, Скопје и Триглав пензиско друштво АД Скопје континуирано воведуваат мерки за превенција и заштита на вработените и на клиентите од епидемијата со вирусот ковид-19.

„Согласно насоките од надлежните органи, препорачано е да се избегнува директен и близок контакт (препорачана оддалеченост од друго лице од најмалку еден метар), ракување, гушкање и долго седење во затворени простории. Со цел минимизирање и превенција на сите потенцијални ризици и одржување на максимална хигиена на рацете, препорачуваме да ги користите средствата за дезинфекција, поставени во нашите деловни простории.

Имајќи ги предвид препораките на надлежните органи, компаниите на Триглав ќе работат со намален капацитет во периодот што следи, заради заштита на вработените и клиентите  и како превенција од ширење на вирусот. Советуваме посети на нашите локации единствено доколку бараната услуга е навистина неодложна.

За сите Ваши потреби апелираме да ги контактирате нашите вработени на телефонските броеви и електронските адреси објавени на веб-страниците www.triglav.mk, www.triglavzivot.mk, www.triglavpenzisko.mk. Сите услуги и производи на Триглав се целосно достапни, а вработените навремено ќе ги контактираат клиентите во поглед на обновување на веќе склучените полиси. Сервисите за on-line обновување на полиси за осигурување од автомобилска одговорност и полисите за здравствено-патничко осигурување се целосно овозможени преку интернет страницата на Триглав осигурување.

Во моментот нема измени во работното време на компаниите, но доколку има промени, или времено затворање на некое од продажните места, навремено ќе бидете известени“, соопшти Триглав.

Листа на телефонски броеви и електронски адреси за контакт:


„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе