Заваровалница Триглав ќе ја почитува препораката на Агенцијата за супервизија на осигурувањето

Агенцијата за супервизија на осигурување (AZN) на 31 март испрати повик до осигурителните компании, во кој се препорачува до 1 октомври 2020 година да не се исплатуваат дивиденди од акумулираната добивка и да не се преземаат неотповикливи обврски за исплати на дивиденди.

Согласно повикот, Управата и Надзорниот одбор на заваровалница Триглав на редовната годишна седница на Собранието на акционерите ќе дадат предлог, акумулираната добивка со состојба од ден 31.12.2019 година, која што изнесува 60.543.475 евра, да остане нераспределена. 

Триглав не ја менува својата политика за дивиденди, што на балансиран начин обезбедува финансиска стабилност на групацијата Триглав, со спроведувањето на нејзината стратегија за раст и развој, како и исплата на атрактивни дивиденди на своите акционери. Но, го разбираме повикот од страна на регулаторот, кој се грижи за финансиската стабилност на словенечкиот сектор на осигурување, особено сега, во услови на голема неизвесност поради ширење на пандемијата. Нивната препорака е во согласност со препораките и мерките на европските регулатори, односно органи (EIOPA и IAIS) за обезбедување на солвентност и адекватност на капиталот на осигурителните компании на подрачјето на Европската Унија. 

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе