Трифун Костовски: И јас потврдувам дека преку Галафарм се переле пари од Еуростандард

По најавите дека фармацевтската куќа Галафарм ќе биде носена во стечај на 23 јули изјавувам дека и според моите сознанија Галафарм е фирмата преку која се правело масовно перење пари од страна на бившото раководство на Еуростандард Банка, вели во писмената изјава Трифун Костовски, сопственик на банката.

„Доколку и оди во стечај, институциите на прогонот мора многу сериозно да се позанимаваат со фирмата Галафарм и не смее со ликвидацијата на Галафарм да се забошотат одлеаните пари од Еуростандард банката. Повторувам, сѐ може да се скрие, но трагата на парите каде завршуваат не може да се скрие“, вели Костовски.

 

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе