Три универзитети ја потпишаа Декларацијата на Стопанската комора за нов економски договор

Ректорите на трите универзитети, проф. д-р Никола Јанкуловски, Универзитет Св. “Кирил и Методиј” Скопје, проф. д-р Сашо Коруновски, Универзитет “Климент Охридски” Битола и академик проф. д-р Абдулменаф Беџети, Универзитет на Југоисточна Европа – Тетово кои во исто време се и членови на Собранието на Стопанската комора на Македонија, ја потпишаа Декларацијата за општествен консензус за економски реформи, политики и мерки, што е уште една потврда на високо-образовните институции за поврзаност кон вистинските вредности во државата, во клучниот момент кога кризите ја доживуваат својата кулминација.

Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески по потпишувањето истакна дека е особено важно, бизнисот и образованието да станат доминантни прашања во државата во следите 10 години, бидејќи тоа не е прашање што се решава за една година, туку прашање за кое е потребен подолг период. Декларацијата усвоена од Собранието на Стопанската комора на 14 јули по повод 100-годишнината на Комората, во која се бара нов економски договор, како и враќање од партиските агенди на државната агенда, е од исклучително значење бидејќи само државната агенда може да го зачувува бизнисот и неговиот развој како единствен кохезиски фактор во државата. 

Ректорите на трите универзитети се едногласни дека економскиот договор е определба која ги поврзува заинтересираните страни, а улогата на високо образовните институции е да испорачаат квалитетни кадри со што стопанството ќе може да го оствари својот развој кој е во интерес на државата. Впрочем и нивната структура на делување се состои од три столба: образование, наука и поврзување со заедницата со што се потврдува нивната општествена одговорност особено сега во услови на криза.

Бизнисот и образованието упатуваат заедничка порака до државата дека градењето на нов економски договор е приоритетен интерес на сите во процесот на приклучување на земјата кон Европската Унија и особено во услови кога градиме стратешки прашања на меѓународен план.  

Декларацијата е веќе потпишана од повеќе од 130 компании (30 големи, 40 средни и 61 мала компанија), и институциите: МАНУ, универзитетот Американ колеџ Скопје, Организацијата на работодавачи на РМ, Занаетчиска комора на РСМ, Сојузот на стопански комори на Македонија и Делегацијата на германското стопанство во Македонија, како застапништво на Унијата на германските комори за индустрија и трговија (ДИХК) во Берлин, соопшти Стопанската комора.

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе