Tри награди за три дена за Семос eдукација

Неделава Семос едукација постави нов личен рекорд со тоа што во три дена освои три награди, меѓу кои и една интернационална награда.

„Немаме граници освен оние кои сами ќе ги поставиме. Секој од нас треба да инвестира во себе“, вели генералната директорка и сопственик на Семос едукација Валентина Тасева.

Овие награди се доказ дека предизвиците може да се конвертираат во можности, па дури и да донесат награди.

Првата награда е за најиновативна компанија за 2021 од Цертнексус (CertNexus).

Семос едукација одржа масовната бесплатна обука за вештачка интелигенција во јуни годинава. Целта на проектот беше креирање на остручени умови со светски признаени сертификати, со што нашата држава ја става на мапата меѓу оние држави во светот кои поседуваат значителен интелектуален капацитет. Нашите професионалци остануваат „дома“, а извезуваат знаење насекаде во светот.

Импресиониран од целата оваа иницијатива глобалниот бренд Цертнексус на Семос едукација им ја доделија наградата за најиновативен партнер во светот за 2021 година.

Цертнексус е независно сертификациско тело кое обезбедува сертификати за нови технологии и микро-акредитиви за деловни корисници, програмери и професионалци за ИТ безбедност.

Наградата за најдобро деловно работење 2021 е за највисока бонитетна А оцена за деловна успешност за 2021 година доделена од Таргет груп.

И наградаѕа за Жена претприемач на годината 2021 е добиена во конкуренција од 40 компании на чие чело се жени, според добиените податоци од Централниот регистар на Македонија.

На годишниот Самит на женско претприемништво, успешното менаџирање, извонредните резултати во работењето и почитувањето на компаниските вредности, на Валентина Тасева ѝ ја донесоа наградата за „Жена претприемач на годината 2021” во категоријата мали компании.

„Бизнис заедницата, посебно младите претприемачи кои ги поставуваат темелите на своите стартап бизниси, треба да ги зацврстат со многу работа и вложен напор, одрекувања но и ризици кои не само што ќе му дадат стабилна основа и позитивен имиџ на бизнисот, туку и ќе придонесat за тоа да се изградат како личности и да носат помудри одлуки во иднина“, истакна Валентина Тасева.

Семос Едукација е еден од најголемите центри за ИТ едукација во југоисточна Европа кој што од Македонија работи глобално за целиот свет и тоа го прави мошне успешно веќе цели 26 години - со 110.000 слушатели, присутен во 34 земји на светско ниво, со 43 вработени, 140 тренери експерти и 300 обуки наменети за бизниси, ИТ експерти и ученици кои ја започнуваат својата ИТ кариера.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе