Петок за заедницата

Tимот на Реплек волонтираше за помош за бездомниците

Во согласност со својата трајна определба за општествено одговорно делување, тимот на Реплек се приклучи кон глобалната волонтерска иницијатива  -  Петок за заедницата (Social Friday).

На третиот по ред годинашен Петок за заедницата, што на глобално ниво се одржува на 30-ти септември, членовите на тимот на Реплек обезбедија помош за лицата кои престојуваат во Пунктот за бездомници на Црвениот крст во Скопје.

Помошта на волонтерите од редот на вработените и членовите на менаџерскиот тим на Реплек се состоеше од различни активности поврзани со послужување на зготвената храна, расчистување на мензата по завршување на ручекот, разговори со бездомниците во соработка со стручни лица, како и други активности посочени од одговорните лица во пунктот. Во оваа прилика, претставниците на Реплек ја предадоа и донацијата која се состоеше од облека, чевли, конзервирана храна и средства за лична хигиена. Дополнително, компанијата ангажираше и лекар-специјалист кој изврши медицински преглед на сите лица кои престојуваат во оваа установа.      

„Тргнувајќи од тоа дека секоја активност е многу поефикасна кога се работи здружено, исклучително ме радува што голем број членови на тимот на Реплек се вклучија и лично учествуваа во обезбедување соодветна поддршка и помош на овие лица. Мотивот за нашето вклучување во оваа глобална општествено корисна иницијатива е јасен и едноставен - да им помогнеме на оние на кои помошта им е најпотребна. Затоа, како тим и како компанија, и понатаму активно ќе учествуваме во реализацијата на други вакви и слични волонтерски активности во рамки на иницијативата Петок за заедницата“, изјави претседателот на Управниот одбор на „Реплек АД“, Душан Пецовски.

Основната идеја на глобалната иницијатива Петок за заедницата (Social Friday) е да ги активира тимовите во компаниите, организациите и останатите општествени групи да се организираат и да посветат дел од сопственото време и ресурси на волонтирање за одредена локална општествена кауза. Главната цел на иницијативата, која се одржува четири пати годишно, во последниот петок од секој квартал, е подигнување на јавната свест за обезбедување помош и поддршка за социјално ранливите категории во заедницата.

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе