Ново регионално здружение

Тиквешките лозари бараат 18 денари за ,,вранец” и денар помалку за ,,смедеревка”

Новото регионално здружение „Тиквеш, лозаро-овоштари”, формирано во Кавадарци неколку дена пред гроздоберот бара 18 денари за откуп за „вранец” и еден денар помалку за „смедеревка”.

Претседателот на „Тиквеш, лозаро-овоштари”, Златан Стојчев, кој стопанисува со триесет хектари земја, вели дека новото здружение го поддржуваат земјоделци од пет општини од регионот. Тој рече дека одделни винарии најавувале цени од 12 и 10 денари, што е помалку од лани, јавува МИА.

„Се здруживме за заеднички да се залагаме за правата на земјоделците, без разлика дали се тие лозари, овоштари или градинари. Проблемите да ги решаваме заеднички. Еве во моментов имаме проблеми со наводнувањето и се обидуваме да го надминеме тоа“, рече Стојчев, нагласувајќи дека ќе побараат помош од сите политички партии, а ако е потребно, ќе направат и блокади со цел да ги остварат своите права.

Здружението ќе бара средба со градоначалниците од регионот, да се избере тело кое понатаму ќе разговара со откупувачите и со надлежните државни органи во врска со прашања од земјоделството.

Според Стојчев, можно е годинава да има вишок од околу 30 милиони килограми грозје во државата. Но, како што вели, тука е Црна Гора, Албанија, кои се заинтересирани за нашето грозје.

„Мислам дека количините нема да бидат проблем, целата битка е сега околу висината на цената за килограм грозје што треба да ја добиеме од винариите“, нагласи Стојчев.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе