„Тиквеш“ инвестира повеќе од 1 милион евра за нови лозови насади

Винарската визба „Тиквеш" започнува со реализација на нова инвестициска програма во сегментот на примарното производство. Деновиве започнаа да се садат висококвалитетни сорти на нови 50 хектари. Со програмата која стартуваше оваа година, до крајот на годинава предвидени се вложувања од над милион евра во нови, но и обновување на лозови насади на површина од 100 хектари.

Дополнително, во наредните три години, постепено ќе бидат обновени и над 50% од постојните 1.000 хектари сопствени лозови насади на „Тиквеш“, со тоа што помалку функционалните сорти ќе бидат заменети со перспективни сорти грозје наменети за производство на вина од премиум сегментот, за кои има се поголема побарувачка на пазарот.

„Планираните вложувања ќе ни овозможат до 2022 година да имаме околу 650 хектари нови сопствени висококвалитетни лозови насади кои во перспектива ќе ни овозможат натамошно унапредување и збогатување на нашето портфолио на вина од премиум сегментот со кои ќе се зацврстат и подобрат нашите пазарни позиции особено на странските пазари. Паралелно со вложувањата во сопствените насади, ќе продолжиме и со поддршката и негувањето на партнерските односи и соработката со кооперантите кои ни обезбедуваат пристап до дополнителни 5.500 хектари лозје“, објаснува генералниот директор на „Тиквеш“, Радош Вукиќевиќ.

Во процесот на обнова и проширување на сопствените лозови насади на „Тиквеш“ се користат сертифицирани садници од најреномирани светски производители кои најмногу одговараат на нашето поднебје и состав на почвата. При садењето особено се внимава на растојанието меѓу редовите заради подобар пристап при машинската обработка на лозовите насади и берење на грозјетo.

Овие вложувања во подигнување нови лозови насади се продолжение на интензивниот инвестициски циклус на „Тиквеш“ кој во измините 15-тина години надмина 40 милиони евра. Најголемиот дел од овие средства беа вложени во најсовремена опрема и технологија за примарната преработка на грозје, микровинификација и одлежување на виното, што му овоможи на „Тиквеш“ да прерасне во винарница со најголем капацитет за производство на вина со премиум квалитет во земјата и регионот.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе