Тихомир Петрески нов претседател на Управиот одбор во Триглав пензиско друштво

Согласно одлуката на Надзорниот одбор на Триглав пензиско друштво АД Скопје, донесена на 12-та седница, и по издаденото одобрение од Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС, од 1 април Тихомир Петрески ја презема функцијата член и претседател на Управниот одбор на Триглав пензиско друштво АД Скопје.

Петрески доаѓа од позицијата генерален менаџер и основач на Петрески& партнери дооел Скопје. Зад себе има обемно професионално искуство во корпоративниот сектор, стекнато на повеќе раководни функции на домашниот и на интернационалните пазари за време на својата професионална кариера и повеќегодишно наставно искуство со активно учество во формалното и неформалното образование.

„Ми претставува привилегија и задоволство да бидам дел од тимот професионалци, кои раководат со компаниите членки на групацијата Триглав. Воедно, предизвикот е уште поголем, затоа што станува збор за одговорна улога во управувањето со најмладиот член, како на групацијата така и во реформираниот пензиски систем, и ќе ги вложам сите мои професионални капацитети во насока на остварување на заедничката  цел, друштвото да се позиционира како атрактивен избор за капитално финансирано пензиско осигурување на македонскиот  пазар’’, изјави Петрески.

Маријан Николовски и натаму продолжува да ја врши функцијата член на Управниот одбор на друштвото.

Триглав пензиско друштво е дел од групацијата Триглав, една од најголемите осигурително-финансиски групации во ЈИ Европа. Со работа започна во 2019-та година и во неговиот фокус е грижата за интересите на членовите на фондовите со коишто управува преку постигнување што подобар инвестициски резултат.

 

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе