Тиго фајнанс со олеснувања на условите за отплата на кредитите за своите клиенти

Ги следиме случувањата и мерките поврзани со појавата на коронавирусот во нашата земја и активно ги применува  препораките за справување со ситуацијата. Имајќи го предвид економското влијание на оваа специфична ситуација за граѓаните, со цел полесно справување со предизвиците за клиентите, воведуваме две нови привремени услуги кои ќе им бидат на располагање на граѓаните кои се соочуваат со потешкотии со отплатата на својот кредит во Тиго, соопшти Тиго фајнанс.

Тиго повеќе од двојно ја намалува цената за услугата за 30—дневно одложување на отплатата на кредитот, а истата е валидна за сите постојни и нови клиенти кои ќе ја одберат оваа опција.

Дополнително, наскоро на сите постојни и нови клиенти ќе им биде понудена и нова опција за одложено плаќање до 60 дена по поволни услови, што на клиентите ќе им даде можност да располагаат со средства  во најпотребните моменти. 

„Со ова повторно ги ставаме потребите на нашите клиенти на прво место, верувајќи дека така ќе им овозможиме полесно да се справат со финансиските потешкотии со кои се соочуваат во овие околности“, изјави Филип Димитровски, главен извршен директор на Тиго фајнанс.

Право на користење на овие привремени олеснувања имаат сите клиенти на Тиго, а истото можат да го направат на многу едноставен начин, преку уплата на износот на услугата за продолжување на рокот за отплата на кредитот во некоја од филијалите на Тиго или преку банкарска сметка.

Клиентите кои ќе се одлучат да ги користат овие поволности во филијалите на Тиго, пред сѐ е неопходно да се придржуваат кон мерките и препораките за намалување на ризиците од ширењето на вирусот и да ги имаат предвид информациите достапни на следниот линк - https://www.tigo.mk/noviteti.

 

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе