Тевдовски: Приходите во буџетот за првите пет месеци се зголемени за 6,6 отсто

Буџетот е ликвиден и сите плаќања се извршуваат навремено, а приходите во буџетот за првите пет месеци се зголемени за 6,6 отсто, изјави денеска министерот за финансии Драган Тевдовски.

„Нашиот буџет е ликвиден. Ние успеавме да ја стабилизираме целосно финансиската состојба. Значи исплаќаме се навремено, многу подобро од претходниот период. Не треба никој да стравува, сите плати и пензии и се друго што е издаток од буџетот во најбрзо време се исплаќа. Не би сакал да коментирам весели математики од опозицијата, бидејќи само во првите пет месеци од годинава растот на вкупните буџетски приходи е 6,6 проценти поголем во однос на истиот период минатата година“, рече Тевдовски на новинарско прашање за обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека УЈП собрала за осум отсто помалку средства од даноците до мај се собрани 25 милиони евра помалку средства.

Тевдовски заедно со гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска – Бежоска, денеска одржаа средба со новинари по повод претстојниот сосатнок на Конституенцата на СБ и ММФ што викендов че се одржи во Скопје.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе