Тој, како што информираат од Министерството за финансии, во своето излагање ги презентираше македонските искуства за реформирање на даночниот систем, со цел намалување на доходовната нееднаквост и забрзување на економскиот развој.
„Само преку создавање кредибилни институции и одговорно управување со истите можеме да одиме напред. Владата уште од почетокот е посветена на креирање подобро општество за сите. Целите се подобар животен стандард за граѓаните, напредок на земјата и развој на економијата. Во делот на даноците сме посветени на креирање праведен даночен систем“, изјави министерот Тевдовски.
Тевдовски во својата презентација ги објаснил и причините поради кои Владата одлучила кај нас да воведе праведен, прогресивен данок почнувајќи од годинава.
Министерот за финансии, се наведува во соопштението, во своето обраќање направи споредба помеѓу прогресивните и рамните даноци. Зборуваше за нивните ефекти врз доходовната нееднаквост, јавниот долг и економскиот раст.
Министерот Тевдовски е поканет како говорник на конференцијата поради визијата за поправедно општество и кредибилното водење на јавните финансии.