Задолжување

Тевдовски: Најновата еврообврзница е со историски најниска каматна стапка

Парите од еврообврзницата со која Македoнија на странскиот пазар се задолжи за половина милијарда евра, ќе бидат потрошени за покривање на буџетскиот дефицит, враќање на стари долгови, реализација на капитaлни инвестиции, зголемување на средствата за одбраната и за зголемени плати во образованието и здравството, информираше денеска министерот за финансии Драган Тевдовски.

Историски најниската каматна стапка од 2,75 проценти за еврообврзницата, како што вели Тевдовски, е показател дека на меѓународниот финансиски пазар и меѓу инвеститорите постои доверба во перспективите на маедонската економија и стабилноста на земјата.

Просечната каматна стапка на претходните еврообврзници изнесуваше 5,34 проценти.

„Парите од оваа евробврзница нема да се трошат за непродуктивни работи, споменици и фасади. Дел од овие пари ќе се потрошат и за покривање  стари долгови по овие ставки. Во буџетот којшто е изгласан од Собранието е проектирано за кои капитални инвестиции ќе бидат потрошени парите“, рече Тевдовски.

Тој порача дека по новото задолжување на државата од 500 милиони евра, кои треба да се вратат во рок од 7 години, граѓаните не треба да се грижат бидејќи со неа се заштедуваат 90,6 милиони евра. Тевдовски на прес-конференција им се заблагодари на тимот, Министерството и на другите инволвирани во процесот на издавање бидејќи, поради овој процес, тие не празнувале.

На новинарско прашање зошто додека СДСМ беше во опозиција обвинуваше дека ВМРО-ДПМНЕ се задолжува непотребно за зголемување на пензиите и платите на администрацијата, Тевдовски се оправда со ниската каматна стапка и фактот дека парите нема да се трошат за жални врби ниту, пак, за споменици, туку, користењето на средствата ќе биде продуктивно, како и дека поголемиот дел од средствата ќе одат за враќање на долговите.

Со парите од овaа еврообврзница на крајот на јануари ќе се вратат 95 милиони евра од обврзницатa која доспева во 2020 година и која е во вкупен износ од 270 милиони евра. Со ова како што рече Тевдовски, се прави откуп на една третина од тој долг.

Тевдовски појасни дека со тоа што предвреме се исплаќа тој долг, ќе се намали ризикот од  рефинансирање.

Одлуката за новото задолжување била објавена во Службен весник, но не е најавено на прес-конференција оти ако било соопштино дека се планира издавање на еврообврзница, тоа би можело да ја крене цената, бидејќи станува збор за ценовно чувствителна информација, порача министерот за финансии. 

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе

Паметам како вчера да беше: пред самиот распад на Југославија, по локалните пазарчиња на таа земја нагло се расшетаа сомнителни типови што шиткаа лажњаци на статусниот симбол на мојата генерација - славните фармерки „петсто кец”. 

повеќе